Џорџ Клуни го купува фудбалскиот клуб кој играше во четвртфиналето на Лига на шампиони – по ова фудбалот нема да биде ист

Точка

25/02/2020

17:35

12.979

Големина на фонт

а а а

Популарниот холивудски актер Џорџ Клуни кој своевремено има добиено два Оскари, еден за споредна улога во филмот „Сиријани“ во 2005-та година, а потоа и како копродуцент на еден од најдобрите филмови во 2012-та година „Арго“, одлучил да влезе и во водите на фудбалот.

Како што пренесуваат од шпански „Ас“, американската фирма во која тој е еден од главните акционери, сака да го купи клубот ФК Малага, клубот кој во 2012-та/2013-та година играше во четвртфиналето на Лига на шампиони, а десет сезони претходно во четвртфиналето на Лига Европа.

Моментално Малага во поголем дел е во сопственост на Абдулаха Ал-Тани кој би сакал да заработи 100 милиони евра од продажбата, но Клуни и неговата компанија не сакаат толку многу да платат.

Претседателот на Здружението на младите акционери, Антонио Агилера, објаснил за „Канал Малага“ дека разговорите се во тек и тоа поради следната причина:

„Постои една многу моќна продукциска компанија тука во Малага која од градот сака да направи “европски Холивуд“. Тука веќе се снимаат серии, а почнаа и разговорите за купување на фудбалскиот клуб. Секако, не сакаат да платат толку колку што Ал-Тани им бара, но бидејќи се заинтересирани тој во петокот ги повика и ги извести дека е подготвен за преговори“ - рекол Агилера.

Како што пренесуваат од „Ас“, американската компанија доколку успее да ја купи Малага тогаш 24 часа ќе го следи животот во клубот.

„Меѓутоа, сето тоа нема да биде толку лесно изводливо затоа што Малага моментално е во стечај, а постои и спор помеѓу сопствениците, односно помеѓу Ал-Тани и еден хотелски ланец“ - наведуваат од „Ас“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг