25-годишна девојка живее како бебе: Спие во колевка, си го цица прстот и си менува пелени!

Точка

26/02/2020

16:10

1.907

Големина на фонт

а а а

25-годишната Пејгеј од САД признала дека секое утро се буди со пореметување кое стручно е наречено парафилијски инфантилизам.

Ова пореметување ги тера луѓето како Пејгеј на необичен фетиш - желба да живеат како бебе.

Пејгеј секое утро се буди во колевка, самата на себе си менува пелени на кои месечно троши и до 300 долари и си игра со играчки.

Пие млеко од шише, си го цица прстот, а има дури и тропалка.

Пејгеј има сопствен Јутјуб канал, за да го документира својот необичен живот и има 425 претплатници кои финансиски ѝ помагаат да си купи сè што ѝ е потребно за да си ги задоволи своите бизарни потреби.

Цел ѝ е да им помогне на луѓето што се како неа и вели дека сака да го победи срамот кој го чувствуваат сите кои боледуваат од парафилијски инфантилизам.

Овој живот отворено почнала да го живее од мај, 2018-та година, а денес се однесува како бебе дури и во јавност. Цел живот чувствувала дека е поинаква, а веќе во 18-та година почнала да го истражува своето пореметување и дознала дека постои цела заедница на луѓе кои се борат со истото пореметување.

„Отсекогаш собирав играчки и имав детинеста смисла за хумор, па семејството и пријателите ме прифатија. Ако се однесуваш како да не станува збор за нешто големо, луѓето нема толку да обрнуваат внимание“, признала Пејгеј, но истакнала дека во јавноста сепак често се соочува со осудувачки погледи.

„Многумина ме прашуваат за коефициентот на интелигенција. Се прашуваат зошто возрасна личност би сакала вака да живее. Не обрнувам внимание на тоа, не е вредно за одговор. Никого не терам да живее исто како јас“, заклучила Пејгеј.

Пејгеј нагласила дека и таа е приморана да ги извршува обврските што ги имаат возрасните, како што е на пример плаќањето сметки. Исто така работи и за асоцијација која ги застапува заболените од парафилијски инфантилизам и ги уредува содржините на нивната интернет страница.

Има и момче со кое е во врска веќе пет години. Вели дека ја поддржува во нејзините необични животни навики, но дека не живее како неа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг