Горе циркони, доле ланци, а долна облека - никаде! Александра ја демолирала конкуренцјата на карневалот

Точка

26/02/2020

17:05

5.424

Големина на фонт

а а а

Со својот изглед успевала цело време во текот на карневалот во Рио да биде во центарот на вниманието.

Алесандра Амбросио, поранешен ангел на Victorias Secret, оставила малку на имагинацијата кога се облекла за прославата на карневалот во Рио Де Жанеиро. 

Нејзиниот изглед привлекол големо внимание на овој настан, а и на Инстаграм, каде фотографијата која ја објавила направила вистински хаос.

Имено, таа за оваа прилика избрала дводелно одело од дијамантска лента, многу провокативно и во пределот на градите и во пределот на нозете, со што покажала дека успеала даја одржи завидната фигура на супермодел.

- Карневал е - кратко напишала во рамките на оваа објава, која за еден ден донела речиси 280.000 лајкови и дури 1.300 коментари.

Алесандра, инаку, важи за најсекси пензионерка на денешнината.

Подоцна сепак се одлучила да ги прекрие градите со црна лента, која ја облекла под оваа тоалета, а потоа уследила уште една пожешка и поопасна модна комбинација.

Алесандра носела металик-црна комбинација, со лента, ланци и проѕирен градник, а околу вратот имала кравата која посебно го зачинила овој стајлинг.

Амбросио со ова докажала дека и без Victorias Secret, каде била речиси 2 децении и која ја напуштила во 2017-та година, може да направи вистински хаос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг