Марија Шарапова оди во пензија

Точка

26/02/2020

17:28

3.373

Големина на фонт

а а а

Некогаш најдобрата тенисерка на светот, Марија Шарапова, ќе ја заврши кариерата на 33 години поради проблеми со повредите, објавил "New York Times".

Освојувачката на сите четири Грен слем турнири, а вкупно пет, долго се обидувала да се врати на терен по суспензијата поради допингот на Австралијан Опен во 2016-та година, но повредите биле посилни. 

Освоила вкупно 36 трофеи, само од турнирите заработила повеќе од 40.000.000 долари, а има и сребрен медал од Олимписките игри во Лондон во 2012-та година.

Убавата Маша имала бурна кариера исполнета со добри резултати, повреди, но и допинг афери.

Во текот на кариерата освоила 39 титули од кои 36 се во сингл. Ги освоила сите четири Грен слемови.

Ќе остане запаметена по допинг скандалот. Поради користење на недозволениот лек мелдомијум, поради што во јуни 2016-та година била суспендирана на две години.

Нејзините натпревари ќе останат запаметени и по гласните извици, поради кои многу тенисерки се бунеле.

Посебен дел од кариерата и е и дружењето со Новак Ѓоковиќ. Двајцата снимиле повеќе реклами заедно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг