Експертите од Рим порачуваат: Здрав разум, миење раце и кашлање во марамче

Макфакс

26/02/2020

19:44

925

Големина на фонт

а а а

Претставниците на ЕУ, италијанските власти, СЗО и Европскиот центар за превенција и контрола на болести од состанокот во Рим порачаа дека не треба да се раководи со паника туку со здрав разум, кога станува збор за коронавирус или Ковид-19.

Директорот на Светската организација за Европа, Ханс Клуге рекол дека сериозно ја сфаќаат и ситуацијата и вирусот, но дека истовремено треба да се има на ум и податокот дека четири од пет пациенти заразени со вирусот Ковид-19 покажуваат благи симптоми и се опоравуваат.

Клуге на состанокот во Рим ја пренел најновата информација која говори дека во 33 земји во светот моментално има 80.980 заразени лица со коронавирусот. Toj додал дела од вкупниот број заразени, дури 96,5 проецнти се во Кина. 

„Смртноста е 2 проценти, а во Кина сега и еден процент. Во прашање се во главно постари лица од 65 години, со ослабен имунитет и кои страдаат и од други болести“ објаснил Клуге. 

Директорот на Светската здравствена организација ги повика граѓаните на Италија да се заштитат себеси и другите, така што ќе ги следат препораките од надлежните органи и да внимаваат на здравјето, посебно додека се на пат. Тој, меѓудругото, ја истакнал улогата на медиумите во моменталната ситуација со коронавирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг