Де Брујн изненаден од Гвардиола: Искрено, пред натпреварот ни ние играчите не знаевме што треба…

Дерби

27/02/2020

10:58

2.585

Големина на фонт

а а а

Кевин Де Брујн призна дека сите играчи на Манчестер Сити биле изненадени кога го слушнале стартниот состав кој Пеп Гвардиола го подготви за средбата со Реал Мадрид.

Натпреварот на „Бернабеу“ не го започнаа едни од најдобрите играчи на клубот оваа сезона, Рахим Стерлинг, Фернандињо, Серхио Агуеро и Давид Силва, а шанса доби бразилскиот интернационалец Габриел Жезус.

Играчот на натпреварот против „кралевите“, Кевин Де Брујн изјави дека биле изненадени од составот, но дека биле навикнати на тоа од Пеп во изминативе четири години.

– Четири години сме овде со Пеп, и има некои изненадувања во составот. Вчера беше еден од тие моменти кога никој од играчите пред да започне натпреварот не знаевме што да правиме. Понекогаш овие промени се добри. Во квалитетни натпревари како овие, некогаш и ќе се мачиш, но мислам дека заедно се боревме навистина добро, - изјави белгискиот интернационалец кој уште еднаш покажа дека поседува огромни квалитети.



Спонзорирани линкови

Маркетинг