Кога ќе каже дека има 66 години никој не ѝ верува: Сега ја откри тајната на нејзиниот изглед...

Точка

27/02/2020

13:49

4.536

Големина на фонт

а а а

Кристи Бринкли со својата појава и позитивност го привлекува вниманието кај и да се појави.

Американската манекенка, актерка и претприемачка Кристи Бринкли, воодушевила 600.000 следбеници на Инстаграм со фотографијата од крузерот и сега на сите им е јасно зошто никој не ѝ верува кога ќе каже дека има 66 години.

На Кристин заштитен знак ѝ е долгата руса коса, широката насмевка која никогаш не ја трга од лицето, но и добрата линија на тело.

Благодарноста за својот добар изглед се должи на исхраната, позитивен и квалитетен сон како и вежбање во теретана, пливање и скијање.

Сепак за него исто така заслужен е и ботоксот кој го става само во вратот, но не и во подрачјето на лицето, а исто така таа често оди и на ласерски третмани на подмладување.

Кристи светската слава ја стекнал откако се појавила во списанието "Sports Illustrated". Во својата богата кариера се појавила на над 500 насловни страници на списанија, а била и заштитно лице на многубројни славни модни куќи и брендови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг