Иако има 81 година, на овој Италијанец вирусот не му може ништо – причината е навистина за восхит

Супермен

20/03/2020

18:15

10.254

Големина на фонт

а а а

Покрај толку многу години во стегите на самотијата, во сопствените мисли – тој најдобро знае за тоа што нè чека на сите во наредните седмици и месеци.

Што е тоа вистинска самоизолација најдобро знае Италијанецот Мауро Моранди кој веќе 30 години е единствениот жител на островот Будели во близина на Сардинија.

Во изминатите неколку седмици, неговата колиба била прикладно изолирано место од кое може да се набљудува глобалната криза со коронавирусот.

Моранди, поранешен учител, стигнал на островот Будели покрај крајбрежјето на Сардинија случајно, додека се обидувал да отплови од Италија за Полинезија пред околу 31 година.

Се заљубил во кристално чистата вода и недопрената природа, коралниот песок и зајдисонцето, па одлучил засекогаш да остане таму.

Тој има 81 година, а во меѓувреме добил репутација на “италијанскиот Робинзон Крусо“.

Но, и понатаму следи вести и знае што се случува во Италија и во останатиот дел од светот.

Тој вели дека со оглед на тоа што се случува во останатиот дел од светот, тој се наоѓа на “најсигурното место на Земјата“. Исто така тој сакал да сподели и неколку совети како најдобро да се справите со самоизолација:

„Добар сум и не се плашам“ – вели тој за „Си-ен-ен Травел“ по пат на мобилен телефон кој што е негова врска со надворешниот свет.

„Тука се чувствувам сигурно. Овој остров ми нуди заштита. Нема никаков ризик. Никој не доаѓа, па дури ниту еден брод не може да се види оттука“ – вели тој.

Тој исто така посочил дека самоизолацијата е одлична прилика за луѓето да се позанимаваат со себеси – со својата душа. Тој вели дека во текот на зимата седи во својот дом, а во текот на летото шета низ островот. Него не му е јасно зошто луѓето не можат да издржат две седмици самотија.

„Многу читам и размислувам. Мислам дека многу од луѓето се плашат да читаат затоа шт доколку го направат тоа ќе почнат да мислат и да медитираат, а тоа може да биде опасно. Доколку почнете да ги гледате работите во поразлично светло и да бидете критични тогаш би можеле да видите како го живеете вашиот живот или колку сте лоша личност и какви лоши работи сте направиле“ – вели овој човек.

Моранди ја пропатувал цела Европа, па на крајот останал на овој остров.

„Едноставно повеќе не ми се патуваше. Сфатив дека најубавите, најопасните и најинтересните патувања се оние во нашата внатрешност, без оглед на тоа дали седите во вашата дневна соба или пак пред колиба на некој остров“ – заклучил тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk