Британскиот премиер Борис Џонсон е позитивен на коронавирус

Точка

27/03/2020

13:34

1.621

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, соопшти дека е позитивен на коронавирус, пренесуваат светските агенции.

Тоа го покажале и тестовите кои тој ги направил поради благите симптоми кои ги чувствувал во последните 24 часа. 

Џонсон на својот Твитер профил навел дека се наоѓа во самоизолација, но истакнал и дека ќе продолжи да управува со земјата преку видео конференции.

Тој во видеото уште еднаш ги повикал граѓаните да останат во своите домови и им се заблагодарил на работниците, полицијата и сите други кои се борат во оваа криза со коронавирусот.

Веста дека британскиот премиер е заразен со коронавирус доаѓа само два дена по веста дека британскиот принц Чарлс е позитивен на тестовите за коронавирус.

Инаку, Борис Џонсон беше критикуван во јавноста поради недоволната одлучност и, како што сметаат многумина, погрешните стратегии во борба против коронавирусот. Тој најпрвин сметал дека не треба да се воведуваат строги мерки и дека е “добро ако се зарази поголемиот дел од популацијата бидејќи се тоа ќе се стекне имунитет”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг