‘Апокалипса денес’ – погледот кон улиците на светските метрополи ја прикажува глобалната вонредна состојба

Точка

27/03/2020

21:20

7.251

Големина на фонт

а а а

Будимпешта, Истанбул, Рио де Жанеиро, Лисабон... Метрополите ширум светот се ‘под клуч’ поради пандемијата на коронавирусот.

Луѓето постојано се на штрек и внимаваат, а меѓу нив се шири и стравот од поголемо ширење на коронавирусот.

Оваа снимка која што ја објавиле од „NoComment“, ја прикажува моменталната ‘глобална вонредна состојба’ во светот.

Улиците се пусти, само по некој автомобил на истите, знаменитостите во најголемите светски метрополи се без посетители, а да не зборуваме за популарната плажа во Рио де Жанеиро на која што моментално нема никој.

Дека е лесно, не е, но кога ќе помине епидемијата, сите ќе се вратиме назад на нормалниот начин на живот, и се надеваме дека ќе бидеме попаметни отколку што бевме претходно...




Спонзорирани линкови

Маркетинг