Тајно донирале 120.000 евра за детски респиратори: Клубот ги пушта низ вода, тие со овој гест ги воодушевиле сите

Точка

27/03/2020

22:00

3.501

Големина на фонт

а а а

Борбата внатре во Динамо, не го спречила Бјелица да води и борба со коронавирусот.

Динамо од Загреб во четвртокот го распушти целиот стручен штаб бидејќи не се согласил за намалување на платата додека трае пандемијата на коронавирусот. 

Заразата позната како COVID-19 го парализираше светот на спортот, а Бјелица и играчите не се фалеле со својот придонес во борбата против епидемијата која уби илјадници луѓе ширум светот.

Бјелица и играчите собрале 122.500 евра, пишува Index, за да набават респиратор за бебе за болницата Клаичева, еден за Петрова болница, еден за детското одделение за интензивна нега при болницата "Доктор Фран Михајљевиќ" и уште еден респиратор со комплетен мониторинг.

Од друга страна клубот организираше прес конференција за да се пофали со донација од милион куни за помош на санацијата на штетите настанати од земјотресот, но и поради коронавирусот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг