ЕУ би можела да се распадне: Поранешниот вицеканцелар на Германија предупредува – “Шпанија и Италија нема да нѝ го заборават ова”

Точка

28/03/2020

13:10

6.460

Големина на фонт

а а а

Поранешниот министер за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел, изразил загриженост дека Европската унија би можела да се распадне доколку не постои солидарност во борбата против пандемијата на коронавирусот.

Како што вели Габриел за “Билд”, Германија треба дополнително да се задолжи за да може финансиски да им помогне на Италија и Шпанија да ја совладаат кризата. 

“Некој треба да ми објасни зошто ние Германците, во моментот на задолжувањето до кое дојде, не ставивме на располагање ниту еден процент на Италија и Шпанија за помош во економијата. За тоа би требало да бидат одвоени 10 проценти. Не верувам дека би имало голема побуна кога наместо 150, би се задолжиле со 160 милијарди евра”, рече Габриел.


Некогашниот вицеканцелар го образложил својот став со тоа дека Германија економски има голема корист од ЕУ и додал дека се плаши за опстанокот на Унијата.

“Ако не сме спремни сега да делиме благосостојба, тогаш не знам што ќе биде од Европа”, нагласил Габриел и укажал дека Италијанците и Шпанците, доколку имаат впечаток дека не добиле помош, нема да им го заборават тоа на Германците ни за 100 години.

“Многу сум загрижен дека Европа би можела да се распадне по оваа криза”, порачал тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг