Доктор го предупредил Путин: Русија мора да се подготви за италијанското сценарио!

Точка

28/03/2020

15:43

7.708

Големина на фонт

а а а

Руската влада нареди цивилното воздухопловство да ги суспендира сите редовни и чартер летови од и кон Русија. На руските авиокомпании и натаму ќе им биде дозволено да летаат во другите земји за да ги вратат руските државјани дома.

Новите забрани следуваа откако Русија во средата го забележа најголемиот дневен скок во бројот на заразени со потврдени нови 163 случаи.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин изјави дека наскоро ќе најави нови поостри мерки за руската престолнина, нагласувајќи дека од следната седмица ќе бидат затоврени парковите, кафетериите, рестораните и трговските центри.


Денис Протсенко, главниот лекар на новата московска болница која ќе ги лечи случаите со коронавирус во Русија, му соопштил на претседателот Владимир Путин дека државата мора да биде подготвена за италијанското сценарио.

„Доколку дојде до голем скок на заразени, а Москва веќе тргна во тој правец, нашата болница е подготвена за трансформација“, изјави Протсенко.



Спонзорирани линкови

Маркетинг