Вухан се отвора, а тајните излегуваат на виделина: Жителите веруваат дека од Ковид-19 починале дури 42 илјади...

Точка

30/03/2020

12:02

13.209

Големина на фонт

а а а

Жители на кинескиот град Вухан тврдат дека како последица на коронавирусот само во нивниот град починале 42 илјади луѓе, а не 3,300 како што тврдат кинеските власти, пренесува “Daily Mail”.

Според официјалните податоци, во Кина има 81 илјада заразени со коронавирус, од кои 3,300 лица починаа како последица на вирусот. Од тие 3,300 смртни случаи, 3,182 се пријавени во провинцијата Хубеи, од чиј главен град Вухан тргна пандемијата на Ковид-19.

Но, жителите на Вухан кои имаат смртни случаи во семејствата тврдат дека досега седум различни погребни претпријатија секој ден предаваат по 500 урни. Погребните претпријатија од Ханкоу, Вучанг и Ханјанг им соопштиле на семејствата дека урните ќе се испраќаат до 5-ти април.


Тоа значи дека во периодот од 25-ти март до 4-ти април ќе бидат поделени 42 илјади урни, а локалните медиуми пред извесно време пренесоа дека во Ханкоу во два дена пристигнале две посебни пратки од пет илјади урни.

Еден жител на Вухан, познат само по презимето Жанг изјави за “Radio Free Asia” дека се сомнева дека толку мал број на луѓе починале, затоа што крематориумите константно работат: Не може тоа да биде точно затоа што крематориумите цело време работат. Како тогаш така мала бројка на луѓе има починато? Можеби властите постепено ги објавуваат вистинските бројки, намерно или не, за луѓето постепено да се помират со вистинската ситуација“.

Некои локални медиуми исто така пренесоа дека многу луѓе во провинцијата Хубеи починале во своите домови без воопшто да бидат дијагностицирани. Според нивни извори, бројката од 42 илјади починати како последица на коронавирусот не е невозможна, затоа што во текот на еден месец биле извршени дури 28 илјади кремирања.


Нагаѓањата околу вистинската бројка на починати доаѓаат неколку дена подоцна откако властите на Хубеи ги ублажија мерките на карантин за околу 60 милиони жители на оваа кинеска провинција.

Лицата кај кои не е утврдена заразата со коронавирус веќе пет дена можат слободно да се движат низ провинцијата, а можат и да ја напуштат исто така. Тоа последен пат им беше дозволено на 23-ти јануари оваа година. Таа мерка инаку не важи и за Вухан, каде што мерките за карантин ќе бидат стопирани на 8-ми април.



Спонзорирани линкови

Маркетинг