Девојче побарало помош од својот учител за време на карантинот - неговиот потег ја враќа вербата во луѓето

Точка

31/03/2020

22:08

4.598

Големина на фонт

а а а

Твитерџијата Џош Андерсон разнежнил многумина откако објавил фотографија од неговата ќерка која е шесто одделение и нејзиниот учител.

„Мојата ќерка, ученичка во шесто одделение, му испрати меил на нејзиниот наставник по математика, со објаснување дека ѝ е потребна помош околу задачите, а тој дојде да ѝ помогне да ја реши задачата - од нашиот балкон“, напишал покрај фотографијата која многумина ја споделиле.

Објаснил и дека учителот воедно е и нивни сосед.

„Нема цена со која може да се платат овие наставници“, „Неверојатно“, „Учител на годината, секоја чест“, „Фантастично, горди сме на нашите учители“, пишувале воодушевените Твитер корисници.

Фотографијата настанала во Јужна Дакота.



Спонзорирани линкови

Маркетинг