Ламборџини наместо луксузни автомобили, произведува медицинска опрема...

Точка

01/04/2020

16:05

1.925

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот производител на луксузни автомобили Ламборџини се приклучи во борбата против пандемијата на коронавирусот и ќе произведува заштитни маски и заштитни визири од плексиглас.

Италија и натаму е најтешко погодената европска земја од пандемијата на коронавирусот. Досега во оваа земја од Ковид-19 се заразени повеќе од 105 илјади луѓе, додека над 12 илјади починаа како последица на вирусот.

Поради кризната ситуација, италијанскиот производител на луксузни спортски автомобили Ламборџини одлучи да пренамени дел од своите погони во фабриката Сант Агата во Болоња, каде што од неодамна започнапроизводство на заштитни маски и заштитни визири од плексиглас. На тој начин, оваа компанија сака да придонесе во борбата против коронавирусот во Италија.

Производството на медицинската опрема е овозможено со помош на Универзитетот во Болоња, а произведениот материјал ќе се достави во болницата Сант Орсоло во Болоња. Планот на Ламборџини е да се произведат илјада хируршки маски и 200 заштитни маски од плексиглас.

„Во текот на кризната ситуација како оваа, чувствуваме потреба за конкретен придонес. Оваа битка ќе ја добиеме заедно давајќи им поддршка на оние кои секојдневно се на првата линија во борбата против пандемијата“, изјави Стефано Доменикали, претседател и извршен директор на Ламборџини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг