Труп, опашка и V8 со 400 коњски сили: Ова е вистински "авион на тркала"

Точка

03/04/2020

16:00

2.805

Големина на фонт

а а а

Конструкцијата на необичното возило претставува спој на телата на малиот млазњак ЛеарЏет и подвожје составено од неколку автомобили донатори.

За оваа единствена луксузна лимузина да може да излезе на улиците и патиштата во САД биле потребни 40.000 часа работа, за луксузниот Леарџет деловен авион на млазен погон да се трансформира во вистински "авион на тркала", односно во авио-лимузина која во мај очекува аукција и нов сопственик. 

Автор на оваа креација е Френк Дианџело од Орегон, кој со својот тим последните 15 години ги минал во планирање, проектирање на конструкцијата и претворање на млазен патнички авион во авион на тркала.

Конструкцијата на необичното возило претставува спој на телата на малиот млазњак ЛеарЏет и подвожје составено од неколку автомобили донатори. Неговиот единствен дизајн дури и е заштитен со патент.

Иако овој единствен "Learmousine" е целосно способен за учество во редовен сообраќај, Дианџело вели дека настанал со цел да биде користен како промотивно возило и да учествува на изложби на модифицирани автомобили.

"Авионот на тркала" е долг 12,8, а широк 2,4 метри. Од ЛеарЏет му останал трупот, опашката и куќиштето на млазните мотори. За погон е задолжен V8 Vortec моторот на Chevrolet со зафатнина од 8,1 литар со 400 коњски сили. Лимузината се движи на тркала од 28 инчи.

На местото на млазниот мотор се наоѓаат звучници, а освен звуците слични на оние кои ги произведуваат авионите кога летаат, може да емитуваат и музика.

Луксузната внатрешност е полна со модерна технологија: тука има аудио-видео систем со сила од 17kW, 42-инчен телевизор, многу декорации, кожни седишта... а има и четири камери за помош на возачот, пренесува AutoNet.

Единствената "Learmousine" ќе биде понудена на продажба на аукција која би требало да биде одржана во Индијанополис од 9-ти до 11-ти мај.




Спонзорирани линкови

Маркетинг