Сите зборуваат за миење на рацете, но што се случува со лицето?

Точка

03/04/2020

18:10

2.636

Големина на фонт

а а а

Во последно време многу се зборува за миење на рацете. Меѓутоа, лицето е најизложено на надворешни агенси, па и на неговата хигиена треба задолжително да обратите внимание.

До некаде е општо познато правило дека лицето се мие два пати дневно, но не се придржуваат сите до ова правило. Експертите велат дека тоа е во ред, бидејќи тоа зависи од типот на кожата и тоа дали сте се потеле и слично. Од друга страна, некои одат во крајност - од оние кои се мијат само за специјални прилики, до оние кои се мијат 5-6 пати дневно. 

Моменталната ситуација наложува миењето на лицето никако да не го пресконувате. Замислете го сценариото некој заразен да кивне во ваша близина и ситните капки да завршат на вашето лице - миењето на лицето е составен дел од одржувањето на хигиената, пишува "Men's Health".

Луѓето кои имаат помасна кожа и проблеми со акни треба да го мијат лицето и во нормални услови, кога нема пандемија, три пати дневно. Оние кои имаат сува кожа, два пати дневно.

Сега, кога владее опасност од зараза, ако сте биле надвор, кога ќе ги измиете рацете, измијте го и лицето. За миење на лицето користете благи средства, бидејќи секако го отстранувате површинскиот слој на кожата и дел од природните маснотии кои кожата ги произведува за да се заштити. По миењето на лицето заштитете го со хидратантна крема, со оглед на тоа дека честото миење го суши вашето лице, поради што настануваат и брчки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг