Италијанскиот тенисер Матео Беретини ги опишал средбите со членовите на “големата тројка”.
Беретини има само 23 години, а веќе успеал да се сретне со Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ и со Рафаел Надал.
Против Федерер играше два пати минатата година и изгуби и во двата меча, на Вимблдон и на завршниот турнир.
“Роџер е тенис. Тој може да прави што ќе посака, толку му е лесно. Тој ми е идол. Можам да зборувам за него без престан, кога игра се чини како да е роден за тоа”, изјавил Матео за Федерер.
Со Новак се сретна еднаш, исто така минатата година на завршниот турнир, и успеа да освои вкупно три гема.
“Новак е машина. Тој за мене е најлошиот противник кој можам да го имам. Играв против него на завршниот турнир во Лондон и не можев да ги добијам ниту своите сервис гемови”, рекол Беретини за Ѓоковиќ.
Дуелот со Надал го имаше на УС Опен во 2019 година, кога во полуфиналето од турнирот, што е негов најдобар резултат во кариерата на некој слем, изгуби со 3-0.
“Интензитетот на Надал е неверојатен. Не е важно дали е 5-0 или 0-5”, рекол италијанскиот тенисер за Рафаел.