Се сеќавате на Кончита Вурст? Вчеравечер се појави на евровизиската емисија и никој не може да поверува како изгледа

Точка

17/05/2020

15:00

12.568

Големина на фонт

а а а

Многумина сè уште ја паметат некогашната евровизиска победничка Кончита Вурст која ѝ овозможи победа на Австрија со песната “Rise Like a Phoenix”.

Кончита вчеравечер се појави во специјалната емисија за Евровизија која беше емитувана ширум светот наместо планираното финале на натпреварот, откажано поради пандемијата на коронавирусот. 

По признанието дека е заразена со ХИВ, за што се зборуваше низ цела Европа, Кончита вчера се претстави пред евровизиската публика во сосема ново издание.


Вурст испрати порака до сите од својот дом во Австрија, а многумина останаа изненадени од изданието во кое имаа прилика да ја видат.

Бела маичка, црна капа, ниту трага од периките по кои е препознатлива … Кончита уште еднаш успеа да го привлече вниманието на јавноста.


“Дома сум, како и повеќето од нас. Се обидувам да бидам позитивна. Во последните неколку недели ретко носев долна облека и многу ми се допаѓа тоа. Останете дома, се гледаме набрзо”, рече Кончита во вклучувањето.

Нејзиното обраќање можете да го погледнете на 3:18 минута:



Спонзорирани линкови

Маркетинг