Нејзината смрт е мистерија и 40 години подоцна – трагедијата која сè уште ги полни насловните страници на медиумите, што се случило таа ноќ?

Точка

20/05/2020

10:26

5.801

Големина на фонт

а а а

Натали Вуд се удавила во 1981-та година, а нејзината ќерка неодамна истакнала дека верува дека нејзиниот очув Роберт Вагнер не е виновен за смртта на нејзнината мајка.

Актерот Роберт Вагнер и речиси 40 години по трагичниот настан, тврди дека е невин за немилосрдната судбина на неговата сопруга. Холивудската ѕвезда Натали Вуд се удавила во 1981-та година, а нејзината смрт до денес е мистерија.

Нејзиното тело било пронајдено во Тихи океан, а јавноста и понатаму не знае што точно се случило.

Тој случај и понатаму ги полни насловните страни на медиумите, а полицијата случајот повторно почна да го истражува во 2011-та година. Роберт Вагнер тогаш бил нејзин сопруг, а токму тој е главен осомничен за смртта на актерката – што се однесува до јавноста.


Во разговор со Наташа Грегсон Вагнер, денес 90-годишниот актер и понатаму истакнува дека не го одзел животот на нејзината мајка.

Документарецот кој што е објавен на HBO, ги следи мистериозните настани поврзани со смртта на главната актерка, а и самата нејзина ќерка вели дека не верува дека нејзиниот очув го одзел животот на нејзината мајка.

„Го кажа тоа затоа што ме познава и знае дека никогаш не би ја убил нејзината мајка. Таа вечер многупати ми помина низ главата“ – истакнал Роберт.

Натали Вуд починала кога имала 43 години, а Наташа тогаш имала само 11 години. Роберт сам ја одгледал ќерката на неговата сопруга.

„Знам дека никој мојата мајка не ја сакаше повеќе од мојот очув. Доколку нешто знае за тоа, сигурно ќе ѝ кажеше на полицијата“ – изјавила Наташа.


Во таа кобна вечер се знае дека актерката била на јахта со Вагнер, актерот Кристофер Вокен и капетанот на јахтата.

На Ден на благодарноста, пловеле околу Санта Каталина. Потоа ја пронашле мртва во морето, а на себе имала црвена јакна и ноќница. Нејзината смрт била прогласена за несреќа, но капетанот на јахтата подоцна ракскажал дека често слушал како таа и Вагнер имаат караници.

Обдукцијата покажала дека имала модрици на зглобовите и вратот. Кристофер Вокен, кој што истата вечер бил со нив на јахтата, никогаш не прозборел за тоа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг