Научниците со ново истражување: Машката брада е заштита која спасува живот во борба

Супермен

21/05/2020

14:39

2.374

Големина на фонт

а а а

Научници од САД одлучиле да утврдат која е целта на машката брада – тие дошле до заклучок дека таа со еволуцијата започнала да расте за да ги ублажи ударите во главата со кои се здобивале пештерските луѓе.

Ако верувате во еволуција, тогаш веројатно и ја поддржувате теоријата дека луѓето настанале од мајмуни. Меѓутоа, мајмуните немаат брада и не можат да ја израснат, правејќи од неа различни стилови. Затоа се поставува прашањето – зошто мажите имаат брада и за што служи истата? 


Долгите години истражувања укажале на тоа дека брадата е всушност машка одлика која постои за психолошки и инстинктивно да ги привлекува жените и да им покаже дека одреден маж е зрел и полово силен.

Меѓутоа, најновите истражувања сега покажале дека функцијата на брадата е можеби поинаква. Докажано е дека ударите во главата можат да бидат и до 30% послаби ако мажот има густа брада. Тоа ги навело научниците да размислуваат и да помислат дека брадата настанала со текот на еволуцијата, поради агресивната историја на праисториските мажи кои во минатото редовно се бореле до смрт.


Мажите кои имале густа брада, имале нешто налик кацига, а кога таа брада ќе се спари со густа коса, тогаш заштитата на черепот станува поголема, а со самото тоа мажите стануваат подоминантни и посилни во борбите.

Иако постојат научници кои не се согласуваат со ваквата теорија, оние кои се залагаат за истата тврдат дека постојат докази кои укажуваат на тоа.

Што мислите вие, дали брадата е всушност природна заштита од ударите на противникот?


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk