Поради ова цела Америка се крена на нозе: Му клечел на врат 8 минути, и тоа поради банкнота од 20 долари

Точка

30/05/2020

12:28

9.845

Големина на фонт

а а а

Полицаецот Дерек Човин, кој во Минесота насилно го привел Афроамериканецот Џорџ Флојд, при што со колено му го притиснал вратот по што Фјолд набрзо починал, бил уапсен во петокот и обвинет за убиство.

Обвинет е за убиство од трет степен и убиство без умисла, поради што му се закануваат најмалку 25 години затвор. За преостанатите тројца полицајци - Томас Лејн, Тои Тао и Александер Куенг - уште се води истрага. 

На Човин му е одредена кауција од половина милион долари во случај да сака да ја активира.

Потсетуваме, тој со колено силно клекнал на вратот на Флојд за време на приведувањето.

Утврдено било дека лежел на неговиот врат 8 минути и 46 секунди, односно уште 2 минути и 53 секунди откако Флојд престанал да дава знаци на живот. Во извештајот се заклучува дека во полициската обука јасно се истакнува дека овој тип на справување со осомничени е опасен по живот.

Во документот на обвинението детално е опишано се што се случувало пред, за време и по апсењето.

Имено, во понеделникот на 25-ти мај, вработен во локална продавница повикал полиција поради маж кој платил со лажна банкнота од 20 долари. Тоа наводно бил Џорџ Флојд, како што опишале вработените.

Афроамериканецот се наоѓал во паркиран автомобил пред продавницата со уште еден маж и жена.

На возилото му пришле полицајците Лејн и Куенг. Лејн извлекол пиштол и го вперил во Флојд, велејќи му да излезе од автомобилот, што тој и направил.

Во истиот момент, Лејн го спуштил пиштолот, и додека полицаецот Куенг разговарал со мажот, Лејнг го извлекол Флојд од возилото и му ставил лисици. Се наведува дека тогаш се спротивставувал, но кога му биле ставени лисиците се смирил.

Потоа Флојд седнал на земјата, а Лејн со него разговарал 2 минути. По објаснувањето дека го приведуваат поради наводи за лажна банкнота, почнале да го сместуваат во полициско возило. Флојд се вкочанил, паднал на земја и им кажал на полицајците да не го прават тоа бидејќи е клаустрофобичен.

Се спротивставувал на влегување во возилото велејќи дека не може да диши. Тогаш Човин со еден обид успеал да го внесе во возилото, но на местото на совозачот.

Сепак, тројцата полицајци го поставиле на земја. Флојд лежел со лицето кон земјата, Куенг и Лејн му ги држеле нозете, а Човин со колено му го притискал вратот.

Флонд молел за помош, постојано ја повикувал својата мајка и ги молел полицајците. Полицајците биле глуви на неговите молби и останале мирни во своите акции. После тоа му рекле дека зборува без проблеми, а полицаецот Лејн го прашува: "Треба ли да го завртиме на страна", на што Човин му кажал: "Не, остави го вака".

Лејн потоа изразува загриженост: "Загрижен сум поради неговата возбуденост, делириум, или што и да е тоа", на што Човин му одговара: "Затоа и го држиме легнат на стомак".

Камерата од униформите на полицајците покажува дека Флојд се обидува да дојде до воздух и да се помести, постојано немирен. Во 20 часот и 24 минути Флојд престанува да се движи. Снимката покажува дека Флојд престанува да диши, а полицаецот Лејн прашува: "Дали сега ќе го завртиме на страна?".

Куенг го проверува пулсот на Флојд на десната рака и вели дека не може да го пронајде. Никој од полицајците не се поместил од својата положба. Во 20:27 часот Човин го трга коленото од вратот на Флојд и пристигнуваат возилата на итната помош. Флојд е прогласен за починат во болница.

Се наведува и дека Флојд боледувал од атеросклероза и хипертензивна болест на срцето, односно имал проблеми со висок притисок. Комбинацијата од тоа и постапувањето на полицијата, како и секој потенцијален опијат во неговиот организам, придонеле за смртта, се заклучува во аутопсијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг