Кер против Трамп: Расисти не треба да се претседатели на САД

Макфакс

30/05/2020

15:22

1.232

Големина на фонт

а а а

Легендaрниот тренер на Голден Стејт вориорс, Стив Кер повторно влезе во напад на американскиот претседател, Доналд Трамп по убиството на Џорџ Флојд од страна на полицаец во Минеаполис и насилните протестите кои се раширија низ повеќе градови.

„Во 2017 година, Трамп ги нарече НФЛ играчите кои протестираа мирно поради полициската бруталност кучкини синови. Вчера ги нарече протестантите во Минеаполис насилници. Затоа, на расисти не треба да им се дозволи да станат претседатели“, напиша Кер на Твитер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг