Ван Дајк емотивно за најтешкиот период од неговиот живот: Мојата смрт беше една од опциите…

Дерби

01/06/2020

14:06

1.313

Големина на фонт

а а а

Вирџил Ван Дајк за многумина сега е најдобриот светски стопер и еден од најдобрите играчи на денешницата.

Холандскиот стопер со макотрпна работа стигна на тронот на светскиот фудбал, а плодовите од својата пожртвуваност сега ги собира играјќи во тимот на Ливерпул кој е актуелен европски шампион и веројатно нов англиски шампион.

Но, не му цветале секогаш рози на 28 годишниот Ван Дајк. Кога имал 20 години животот му висел на конец, а како што сега изјави самиот играч неговата смрт била една од опциите кои се разгледувале во семејството.

Поради пукање на слепото црево дошло до разни компликации во стомакот, а добил и воспаление на џигерот. Тогаш морал на итна операција, а во еден момент неговата состојба била крајно сериозна.

– Се уште се сеќавам на моментите кога лежев во кревет. Единствено гледав цевки кои излегуваа од мене. Телото ми беше целосно скршено и неможев ништо.

– Животот ми беше загрозен, а со мајка ми се молевме секој ден да ми биде подобро. Зборувавме за можните сценарија и се договоривме дека ќе напишам и потпишам и тестамент.

– Ако умрам, половина од моите пари требаше да ги добие мајка ми . Никој не сакаше да зборува за тоа, но мојата смрт во тој момент беше една од опциите, - изјави Ван Дајк.

Една година откако ги решил проблемите со болеста, Ван Дајк дебитираше за Гронинген, а по одличната сезона 2012/13 направи трансфер во Селтик од каде се вивна во врвниот фудбал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг