Врие и во Лас Вегас: Полицаец застрелан во глава за време на протестите...

Точка

02/06/2020

12:00

5.689

Големина на фонт

а а а

Полицаец од Лас Вегас е застрелан во глава во една од двете вооружени пресметки кои се случиле за време на протестите поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Полицаецот бил застрелан од страна на демонстрантите во близина на хотелот и казиното „Циркус“.

Другата престрелка се случила во близина на зградата на сојузниот суд каде што демонстрант отворил оган кон судот, по што полицијата возвратила. Во престрелката бил ранет еден демонстрант.

Инцидентите се случија во текот на четвртиот ден од протестите во градот. Тензиите помеѓу полицијата и демонстрантите растат, иако организаторите повикуваат на мирни протести.

Само во првите четири денови од протестите беа уапсени околу 300 демонстранти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг