Европскиот град кој прогласи "corona-free" зона забележал нови случаи: Заразено дете по отворањето на училиштата

Точка

02/06/2020

21:44

5.990

Големина на фонт

а а а

Во Словенија е забележан првиот случај на зараза со коронавирус меѓу учениците кои постепено почнале да се враќаат во училиште од 18-ти мај.

Случајот е забележан во Марибор, град кој се прогласил за зона без коронавирус, откако во него не бил забележан ниеден случај на зараза уште од 30-ти април, пренесува словенечката агенција "STA". 

Пријателите од одделението на заразеното дете и наставникот се пратени во карантин, додека останатите ученици во училиштето ќе продолжат да посетуваат настава.

Ваквата одлука е донесена по процената на ситуацијата од страна на Националниот институт за јавно здравје, кој утврдил дека во училиштето немало пропуст во почитувањето на превентивните мерки.

Институтот за "STA" соопштил дека заразеното дете немало близок контакт со ученици од другите одделенија.

Не е познато во кое одделение оди детето кое е заразено.

Дел од учениците се вратиле во училиште од 18-ти мај, друг дел една недела подоцна, додека наставата за останатите ученици повторно почнала да се одржува вчера.




Спонзорирани линкови

Маркетинг