Изненадувачки ефекти: Со месеци не јадела по 16 часа дневно, а ова е нејзиното искуство

Точка

02/06/2020

18:44

12.234

Големина на фонт

а а а

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ неодамна го сврте вниманието кон аутофагијата, односно диетата “intermittent fasting” која е сè пораспространета и попозната во светот.

Аутофагијата често се нарекува и повремен пост, а карактеристична е по тоа што не се јаде 16 часа, а потоа во период од 8 часа може да се консумира храна. Иако многумина ја користат за слабеење, односно за забрзување на метаболизмот, главната предност на овој вид исхрана е процесот на самообновување на клетките кој може да биде повеќекратно корисен. 

Американката Џени Шугар испробала аутофагија и го споделила своето искуство на порталот “Pop Sugar”, кое ви го пренесуваме во целост:

“Во февруари 2017 година започнав да спроведувам аутофагија, методот 16:8, кој подразбира период од 16 часа гладување и 8 часа во кои е дозволено внесување на храна. Престанував да јадам во 20 часот, а следниот оброк ми беше во 12 часот наредниот ден, така што всушност го прескокнував појадокот. Некои луѓе се одлучуваат за поинаков модел како исфрлање на вечерата, но ваквиот вид на исхрана повеќе му одговараше на мојот распоред.

Барав начин како да ги истопам маснотиите на стомакот кои практично ги имам цел живот, иако претходно се занимавав со трчање и бев веганка. По еден месец практикување ваква диета, салото од стомакот исчезна, а по 3 месеци забележав поголеми промени. Решив да продолжам понатаму! 6 месеци подоцна сè уште сум верна на оваа диета и се чувствувам одлично”, истакнала Џени.

Во својот авторски напис напишала дека постојано се среќавала со многубројните прашања кои се однесуваат на здравствената корист од аутофагијата, но и гладувањето...

“Во првите неколку недели беше тешко бидејќи моето тело се навикна на исфрлање на појадокот наутро. По некое време, утринскиот глад се намали. Грелин е хормон на глад кој го зголемува апетитот, а кога спроведувате аутофагија, лачењето на грелин се намалува. Кога во текот на првите денови чувствував глад, пиев вода. На почетокот мислев дека следниот ден ќе бидам уморна на работа, ќе имам мигрена и проблеми со концентрацијата, но всушност беше спротивно. Полесно се фокусирав на работните обврски, имав многу енергија и не трошев време да размислувам што ќе јадам, како ќе ја припремам храната и слично”, објаснила новинарката.

Најмногу луѓе ја прашувале што јаде во текот на 8-те часа:

“Првиот оброк ми се состоеше од малку свежи бадеми, една или две банани, голема салата со тофу сирење, грав, авокадо и семки од сончоглед или со сладок компир. Околу 15:30 часот пиев протеинско смути или јадев моркови со гвакамоле сос. За вечера јадев салата од спанаќ со печена тиква и тофу. Некогаш додавав уште малку исечено јаболко или солена каша. Повеќето луѓе мислат дека кризирав за слатки, но воглавно имав желба да јадам здрави намирници. Ги исфрлив рафинираните јаглехидрати, сладолед и чоколадо”, напишала Џени.

Секако, сите ги интересирало дали успеала да ослабне.

“Не изгубив ни килограм. Сепак, јасно е дека композицијата на моето тело се промени, добив мускули и ги изгубив маснотиите. Промените ги забележувам и на мојот стомак и на лицето”, истакнала таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг