Најголем дел од заболените во Скопје се од Чаир

Макфакс

04/06/2020

11:20

4.149

Големина на фонт

а а а

Најголем број од активните случаи на коронавирус во Скопје се од Чаир, по што следат Сарај, Аеродром, Бутел и Гази Баба, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

Во Скопје заклучно со вчера активни се 392 случаи, или дадено по општини: во Чаир активни се 97, Сарај – 47, Аеродром – 47, Бутел – 47, Гази Баба – 38, Центар – 24, Карпош – 17, Кисела Вода – 17, Студеничани – 13, Ѓорче Петров 11, Илинден 10, Шуто Оризари – 9, Арачиново – 8, Петровец – 5, Сопиште -2.

Од денес од 21 часот до понеделник до 5 часот наутро се ограничува движењето на граѓаните на сите општини од град Скопје.

Од Министерството за здравство велат дека полицискиот час е воведен во цело Скопје бидејќи градот е една функционална единица. На вчерашната прес-конференција министерот за здравство, Филипче, истакна дека не станува збор само за една единствена мерка, туку надополнување на многу специфични мерки кои се имплементираат во општините, а согласно податоците кои се добиваат од епидемиолошките анкети.

„Скопје е една функционална единица. Многу луѓе, покажаа и анкетите од прашалникот со заболените, со нивните контакти циркулираат низ целиот град. Со оваа мерка го штитиме целиот град Скопје“, истакна Филипче.

Од денеска од 21 часот до понеделник 5 часот наутро ќе има целосна забрана на движењето на сите граѓани во Скопје (сите скопски општини), Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, како и општина Карбинци. Во сите други градови полицискиот час ќе трае од четврток (4 јуни) од 21 часот до петок (5 јуни) до 5 часот наутро. В петок, сабота и недела полицискиот час ќе почнува од 16 часот и ќе трае до следниот ден до 5 часот наутро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг