Maserati го најави новиот Ghibli хибрид...

Точка

04/06/2020

15:09

1.923

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот производител на луксузни автомобили објави тизер во кој се најавува хибридната верзија на моделот Ghibli.

Maserati во септември минатата година ги заинтригира своите фанови со откривањето на плановите за електрифицирање на своите автомобили.

Од италијанскиот производител соопштија дека компанијата ќе се сконцентрира кон развојот на хибридни и целосно електрични автомобили кои ќе бидат опремени со батерија од нова генерација што значи повеќе извозени километри со едно полнење и секако опција за брзо полнење.

Покрај тоа, Maserati потврди дека ќе продолжи да ја унапредува својата актуелна палета која ги вклучува моделите Levante, Quattroporte и Ghibli. За почеток, најпрвин моделот Ghibli ќе добие хибриден погон.


Моделот Ghibli Hybrid требаше да биде претставен во април оваа година на саемот за автомобили во Пекинг, но тој настан беше одложен поради пандемијата на коронавирусот.

Сега, Италијанците објавија ново тизер видео со кое го најавија претставувањето на моделот наскоро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг