Само неколку часа пред карантин: Испливаа фотографии од големиот метеж на патарините за излез од Скопје

Точка

04/06/2020

19:25

6.786

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи испливаа фотографии, кои покажуваат колку е зголемен интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските среди.

Автоматосојузот на Македонија соопшти дека метеж има и на наплатните рампи на излез од Скопје, како и на патарините кон Тетово и Гостивар.


„Наместо Корона чао, Скопје Чао. Аплаузот кога е?“, „Прогласуваат карантин од три дена и пола СК бега надвор. На излез од Ѓорче мислиш масовна евакуација. Мерки? Полициски час? Закон? Тешко тој народ што го трпи ова, плашете се од нив“, „Чаир отиде за Струга... !!?“, „Испазарија во Скопје и тргнаа по Македонијава. Барем да оставеа нешто за нас што ќе гувееме овде“, „У Скопје останавме само ние 10 души и животните од зоолошка градина“, „Да се потсетиме дека и Италијанците што бегаа кога се затвори Милано си ја проширија болеста во Јужна Италија“, „Откако се испразни Скопје, конечно можам да си пазарам раат“, се дел од коментарите на социјалните мрежи. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг