Не обидувајте се да го преминете во еден ден – ова е најопасниот автопат на светот

Точка

05/06/2020

14:22

6.562

Големина на фонт

а а а

Во состав на автопатот се наоѓа и најдолгиот и најрамен пат на светот. Станува збор за патот помеѓу местата Balladonia и Caiguna кој што е долг 146.6 километри, а кој што нема ниту една кривина.

Автопатот „Eyre“ долг е 1675 километри и е дел од државниот автопат „A1“. Ја поврзува источна и западна Австралија, одсносно се простира помеѓу Норсеман во регионот Goldfields-Esperance и седмиот најнаселен град-држава – Port August.

Тоj воедно е единствениот бетониран пат помеѓу овие два дела на Австралија.


Официјално е изграден во 40-те години на минатиот век, а името го добил по Едвард Џон Ајре, првиот европски истражувач кoј што стигнал до Nullarbor.

Станува збор за суво, полупустинско подрачје без ниту едно дрво на југот од Австралија каде што поминува овој автопат.


Во состав на овој автопат се наоѓа и најрамниот пат на светот. Станува збор за делот помеѓу местата Balladonia и Caiguna, а истиот е долг 146.6 километри, и нема ниту една кривина.


Иако на прв поглед не изгледа така, сепак „Eyre“ е најопасниот автопат во Австралија. Причината е многу едноставна – автопатот е многу долг, а текот е многу монотон што возачите многу често заспиваат зад воланот.

Поради тоа локалните жители на некои делови од патот почнале на возачите да им делат бесплатни кафиња.

Во поголемиот дел од автопатот ограничувањето на брзината изнесува околу 110 км/ч..


Доколку возите по овој автопат тогаш брзите рефлекси ќе ви бидат најпотребни во текот на зората и самракот, кога дивите животни излегуваат од своите живеалишта и можат да предизвикаат многу непријатности.




Спонзорирани линкови

Маркетинг