Том Круз ќе гради луксузна ''корона-фри'' населба за потребите на еден од омилените филмови: „Ваквото решение е многу скапо, но...“

Точка

05/06/2020

17:25

3.226

Големина на фонт

а а а

Американскиот актер и продуцент Том Круз гради цело село на напуштената писта „RAF“ во британски „Oxfordshire“ каде што се планира да биде снимено седмото продолжение на филмот „Невозможна мисија“, пренесуваат од „Daily Mail“.

Целата екипа од сетот е сместена во луксузните кампери „Winnebago“, а доаѓањето на сет ќе биде нешто поразлично од претходно.

Екипата на сетот ќе оди во посебни проектирани балони за контактот со другите членови да се сведе на минимум.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Актерите повеќе не сакаат да се бакнуваат со своите колеги, а се укинуваат и љубовните сцени: Како во иднина ќе изгледа снимањето во Холивуд?


„Луксузната камп-населба е потребна поради тоа што поголемиот дел од хотелите се затворени, па ѕвездите од филмот ќе живеат заедно во текот на снимањето на филмот.

Ваквото решение е многу скапо, но Том Круз е познат по тоа што сè прави подобро и потемелно од сите останати. Филмовите од серијалот „Невозможна мисија“ секогаш се голем хит и од нив се заработуваат многу пари, па поради тоа многу е важно снимањето на новото продолжение од таа франшиза да започне што побрзо“ – раскажал еден од членовите на филмската екипа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг