Пол Макартни открил дека Битлси се залагале за еднакви права уште од 1964 година, откако одбиле да настапат за расно сегрегирана публика.
Легендарниот музичар ја споделил приказната со своите следбеници за да ја нагласи важноста од секој кој го дава својот придонес за движењето “Црните животи се важни”.
“Додека сè уште ги гледаме протестите и демонстрациите ширум светот, знам дека многу од нас сакаат да знаат што можеме да направиме за да помогнеме”, започнал Макартни.
— Paul McCartney (@PaulMcCartney) June 5, 2020
“Никој од нас ги нема сите одговори и нема брзо решение, но потребни нѝ се промени. Треба да работиме заедно на надминување на расизмот во било каков облик”, продолжил тој.
“Таа 1964 година требаше да настапуваме во Џексонвил и дознавме дека публиката ќе биде расно поделена на концертот. Знаевме дека тоа е погрешно и одбивме да свириме”, се присетил музичарот, додавајќи дека го одржале концертот кога ја споиле публиката.
“Се чувствувам бесно бидејќи ете нè, 60 години подоцна, и во светот и понатаму се случуваат бесмислени убиства”, вели Пол, додавајќи дека сака правда за сите луѓе кои страдале поради расизмот.