Два смртни случаи и 125 новозаразени од коронавирусот, 46 од Скопје

Макфакс

06/06/2020

15:58

6.963

Големина на фонт

а а а

Во последните 24 часа се потврдени два смртни случаи и 125 новозаболени од коронавирус во Македонија, соопшти Министерството за здравство. Направени се 1.085 тестирања.

Најголем број од новите случаи се од Скопје-46, Kуманово-19, Штип-17, Тетово-16 случаи, во Охрид се потврдени пет нови случаи, во Струга-седум, Велес-три, Битола-еден, Гостивар-шест, Неготино-два случаи и по еден нов случај во Кочани, Делчево и Прилеп.

Починаа две лица, пациент од Прилеп на возраст од 73 години, хоспитализиран во ГОБ „8 септември“ од 19 мај и пациентка од Струмица (67години) хоспитализирана на Клиника за неврохирургија од 18 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира осум оздравени пациенти, во Прилеп-два, Тетово-еден, Велес-четири и Свети Николе-еден.

Вкупната бројка на дијагностицирани случаи во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.915, бројката на оздравени пациенти е 1.640, на починати е 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.124.

Последната дистрибуција по градови е следна:

• Скопје 1201, активни 595

• Куманово 545, активни 129

• Дебар 52, активни 1

• Штип 161, активни 123

• Прилеп 218, активни 29

• Тетово 273, активни 115

• Струга 98, активни 26

• Велес 141, активни 27

• Битола 30, активни 4

• Охрид 30, активни 13

• Кавадарци 6, активни 1

• Гостивар 47, активни 26

• Гевгелија 6, активни 2

• Струмица 5, активни 2

• Крива Паланка 6, активни 0

• Радовиш 4, активни 0

• Крушево 3, активни 0

• Кочани 43, активни 12

• Пробиштип 5, активни 3

• Демир Хисар 1, активни 0

• Македонски Брод 2, активни 0

• Пехчево 3, активни 0

• Берово 2, активни 1

• Валандово 3, активни 2

• Виница 3, активни 1

• Делчево 2, активни 1

• Кратово 3, активни 1

• Свети Николе 3, активни 2

• Кичево 3, активни 1

• Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.085 теста се преку: ИЈЗ –663, ЦЈЗ Скопје-12, Авицена –128, Биотек -42, Жан Митрев (Филип Втори) –144, Систина со PCR метода –41 и МАНУ -55.

Досега во земјата се направени вкупно 35.471 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 113 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Кочани и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се седум нови, а вкупно хоспитализирани 58 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 38 пациенти. На респираторна машина се седум, a со потешка клиничка слика се уште осум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.



Спонзорирани линкови

Маркетинг