Го нарекуваат ''филм на смртта'' – по неговото снимање починале 92 членови од екипата, а продуцентите направиле кобна грешка

Точка

23/06/2020

13:17

3.815

Големина на фонт

а а а

Во денешно време никој не би избрал локација за снимање филм на место кое што се користело за нуклеарни испитувања.

Опасностите кои што се закануваат од нуклеарното зрачење познати се од 1927-та година кога Херман Џозеф Милер открил дека продолжената изложеност на зрачењето може да има неверојатно влијание по здравјето на луѓето.

До раните 50-ти години на минатиот век, било познато дека нуклеарните експлозии произведуваат огромна количина пепел кој што е многу радиоактивен и потенцијално смртоносен.


Сепак, продуцентите на филмот „Освојувач“ во 1954-та година одлучиле да снимаат филм во близина на градот Сент Џорџ во пустината Јута, на само 100 километри од озлогласеното место за нуклеарни тестирања во Невада.

Таму во текот на 50-те години на минатиот век биле тестирани околу 100 нуклеарни бомби.

Иако критичарите филмот не го дочекаа со воодушевување, сепак Вејн и Сузан не биле премногу загрижени бидејќи двајцата зад себе имале низа успешни проекти и вистинско богатство.

Не ни помислувале дека филмот „Освојувач“ ќе има толку големо влијание на нивниот живот.


Имено, од околу 220 луѓе кои што работеле во продукцијата, 92-ца починале од канцер, меѓу кои и Вејн, Хауард и Армендариза.

Во времето кога се одвивало самото снимање на филмот, властите местото на снимањето го означиле како ''сигурно од штетни влијанија на радиоактивните честички'', иако биле воочени големи количини зрачење во текот на испитувањето на самото подрачје.

Тлото таму, до денес е радиоактивно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг