За малку ќе го убиел противникот во рингот бидејќи бил под дејство на дрога: “Челичниот Мајк” открил како мамел на допинг тест

Супермен

29/06/2020

12:07

3.355

Големина на фонт

а а а

Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон не престанува да ја шокира спортската јавност со откривање на детали од неговата богата кариера.

Многумина сметаат дека Тајсон е еден од најдобрите боксери на сите времиња, но поради честите скандали, како во рингот така и надвор од него, тој реално не го постигнал она што навистина го можел во кариерата. 

“Челичниот Мајк” поминал низ сè во својот живот, од затвор до титула на светски првак. Боксерската кариера ја заврши пред речиси 20 години, но пред неколку месеци повторно почна да тренира и се врати во форма.


Неодамна, Тајсон се присетил на мечот против Лу Саварезе кој се одржа во Хампден во јуни 2000 година. Тој признал дека неколку моменти пред влегувањето во рингот пушел марихуана и шмркал кокаин.

Мечот траеше само 38 секунди бидејќи Тајсон успеа да го нокаутира својот противник уште во првата рунда, а многумина биле воодушевени од неговата сила, но и неверојатната енергија која ја имал.

Сепак, од оваа дистанца се чини дека опојните дроги биле клучната причина за таквата енергија. Тајсон по нокаутот продолжил да го удира својот противник и не го слушал судијата кој се обидувал да го спречи, а поради тоа добил казна од 150.000 долари.

Докторите велеле дека тој можел да го убие Саварезе и го нарекле “животно”.

“Тоа беа луди времиња. Пред да влезам во салата и во тој ринг, пушевме марихуана и шмркавме кокаин во соблекувалната. Бев неверојатно “наострен” за мечот. Го нокаутирав и продолжив да го удирам бидејќи не го слушав судијата. Подоцна бевме на допинг тестирање, но веќе имавме спремен чист примерок на урина и никој не можеше ни да претпостави дека бев дрогиран”, изјавил контроверзниот Мајк.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk