Cupra започна да прима нарачки: Првиот Formentor пристигнува на есен

Точка

29/06/2020

16:18

1.223

Големина на фонт

а а а

Високоперформантниот џип е првиот оригинален модел на Cupra откако стана посебен бренд.

Шпанскиот производител најави дека од јули ќе започне да ги прима резервациите за Formentor, а сериското производство започнува во текот на ова лето.


На почетокот купувачите на располагање ќе имаат 4-цилинадрски 2.0 TSI турбо-бензинец со 310 коњски сили и 400 Nm. Моторот е поврзан со 7-степенски DSG менувач со двојно квачило, додека силата се пренесува на сите четири тркала.


Од идната година Formentor ќе биде достапен и со plug-in хибриден погонски систем кој ќе биде позајмен од моделот Cupra Leon. Хибридниот систем комбинира 1,4-литарски TSI со 150 коњски сили и електромотор од 115 коњски сили.


Оваа верзија ќе се продава како Formentor eHybrid и вкупно ќе располага со 245 коњски сили и обртен момент од 400 Nm.



Спонзорирани линкови

Маркетинг