Индија забрани кинески апликации и игри: Настрада TikTok

Точка

30/06/2020

16:22

846

Големина на фонт

а а а

Политиката започна да навлегува во сите аспекти од општеството, па така тензиите помеѓу Кина и Индија ескалираат и на полето на мобилните апликации и видео игри.

Односите помеѓу Кина и Индија се влошуваат веќе подолго време, а двете земји дојдоа на работ на војна кога неодамна беа убиени 20 индиски војници во близина на кинеско-индиската граница.

Поради тоа, двете земји и натаму водат тивка војна, па Њу Делхи одлучи да забрани десетина мобилни апликаици и видео игри од Кина, меѓу кои една од најголемите социјални мрежи и неколку хит видео игри.


Според Индијците, апликациите ги прекршиле условите за користење и ја компромитирале приватноста на корисниците, па индиската влада го забрани користењето на TikTok.

Покрај TikTok, Индијците ги забранија и WeChat и Weibo, како и популарните видео игри Mobile Legends и Clash of Kings. Покрај тоа, премиерот ги советуваше граѓаните да ги бојкотираат сите кинески производи и намирници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг