Фолксваген го претстави освежениот Тигуан

Точка

01/07/2020

16:58

640

Големина на фонт

а а а

Најпродаваниот модел на Фолксваген за минатата година е редизајниран за 2021-ва година.

Новиот Тигуан сега има изменета маска на ладилникот, а рестилизирани се и фаровите и предниот браник кои сега го следат „дизајнерскиот јазик“ на новата генерација на Голф.

За разлика од предниот дел, промените се помалку воочливи на задниот дел каде што дискретно се редизајнирани стоп светлата и браникот.


Внатрешноста исто така претрпи одредени мали промени. Освен новиот мултифункционален волан со команди чувствителни на допир, во верзиите со поскапи пакети на опрема има и нови команди на клима-уредот кои исто така се чувствителни на допир.

Редизајнираниот Тигуан има и нов мултимедијален систем со гласовни команди и голем, централно поставен дигитален екран. Дигитална е и инструмент таблата со дисплеј од 8 или 10,25 инчи во зависност од пакетот на опрема.


Купувачите на располагање ќе го имаат 4-литарскиот 2.0 турбо-бензинец со 186 коњски сили (137 kW) и 300 Nm максимален обртен момент, потоа "Plug-in" хибрид со вкупна сила од 245 коњски сили (180 kW) и високоперформантниот "R" модел со 320 коњски сили (235 kW).

Продажбата на редизајнираниот Тигуан за 2021-ва година во Европа започнува на есен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг