Ова се убедливо најлошите возачи во Европа!

Точка

02/07/2020

20:31

3.254

Големина на фонт

а а а

Околу 88 отсто од возачите ширум Европа признаваат дека забораваат на ограничувањето на брзината.

Француските возачи го делат првото место со грчките возачи во неславниот рекорд за прекршоци во текот на возењето, при што 70 отсто од нив признале дека го прават тоа, покажало новото истражување за навиките на возачите во Европа.

Во Шведска тоа го прават 34 отсто од возачите, пренесува бриселскиот портал „Politiko“.

Возачите од 11 европски земји учествувале во тоа истражување: Франција, Германија, Белгија, Шпанија, Велика Британија, Италија, Шведска, Грција, Полска, Холандија и Словачка.


Една петтина од француските возачи навела дека не се одговорни кога возат, но само шест проценти себеси си дозволуваат да бидат агресивни на патот, покажало истражувањето од Институтот за истражување на јавното мислење „Ipsos“.

Врз основа на тоа истражување, околу 88 отсто од возачите ширум европските земји признало дека забораваат на ограничување на брзината.

Европската унија неодамна соопштила дека околу 22.800 луѓе загинале во сообраќајни несреќи во текот на 2019-та година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг