Милијардерот ниту ова лето не ја изостави Хрватска – го уловиле како шета низ Дубровник во кој што допловил со луксузна јахта

Супермен

31/07/2020

08:44

3.440

Големина на фонт

а а а

Роман Абрамович често со својата луксузна јахта „Eclipse“ плови по Јадранот, а фотографите овојпат го уловиле во Дубровник.

Рускиот милијардер Роман Абрамович пристигнал на одмор во Дубровник, а фотографите успеале да го уловат кога пристигнал со бродот во тамошното пристаниште.


Инаку, Абрамович е чест гостин во Дубровник, а судејќи по фотографиите таму овојпат пристигнал со неколку свои пријатели.

Сопственикот на фудбалскиот клуб Челси по Јадранот плови со луксузната јахта „Eclipse“, вредна 500 милиони американски долари која што ја набавил пред 10 години.


За годишно одржување на таквиот луксуз, Абрамович кешира по 30 милиони евра.

Инаку Абрамович од својата поранешна сопруга се Даша се развел пред две години, а лани медиумите пишуваа дека таа повторно ја пронашла својата љубов и тоа во уште еден милијардер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk