Се прашувате како е да се работи во компанијата Инстаграм? Оваа девојка ги откри сите тајни на една од најглемите компаниии...

Точка

10/08/2020

18:36

3.391

Големина на фонт

а а а

Инстаграм е една од најкористените социјални мрежи во светот, а сега имате можност да видите како изгледа и нејзиното претставништво.

Девојка која што била вработена во оваа компанија, објавила видео од средиштето во Сан Франциско и покажала какви услови за работа имаат вработените.

Иако сега работи во ТикТок, по пат на видео таа открила како било да се работи за нејзиниот претходен работодавач.

Девојката вели дека им бил обезбеден автобус, а компанијата вклучувала и над 30 згради.


Техничарката која што работела како програмски менаџер на брендот во маркетинг тимот открила како работела на кровот од зградата на својот лаптоп, а претходно се освежувала со бесплатни смутија и многу грицки.


Таа вели дека низ целиот свет можела да патува со работна класа, вклучувајќи ја и канцеларијата во Токио што ја нарекла неверојатно искуство.

Иако признала дека канцелариите биле ''кул'', таа додава дека најдобар дел од работата ѝ била одличната бесплатна храна - како бар со вафли и салати или пак кафуле.



Спонзорирани линкови

Маркетинг