Директорот на СЗО со јасна порака до сите: „Пандемијата може да се запре само во овие услови“

Точка

10/08/2020

19:12

5.124

Големина на фонт

а а а

„Пандемијата може да се стави под контрола, само доколку владите преземат акции за сузбивање на пренесувањето на коронавирусот во заедниците“ - изјавил денес директорот на СЗО, Тедрос Адхан Гебрејесус.

Тој очекува дека оваа седмица бројот на заразени од коронавирусот во светот ќе премине 20 милиони.

Без вакцина, единствен начин за контрла на Ковид-19 се основните мерки: миење раце, дистанцирање, носење заштитна маска и ригорозно тестирање, следење и изолација на контактите од заразените“ - навел Тедрос.


„Тие основни мерки се клучни за спречување на повторно избивање на болеста, а владите мора да обезбедат адекватна контрола за преносот на вирусот во внатрешноста на заедниците, за училиштата да може да бидат повторно отворени“ - навел тој.

„Мојата порака е кристално јасна: сузбивање, сузбивање, сузбивање на вирусот“ - нагласил Тедрос на брифингот за медиуми во Женева.




Спонзорирани линкови

Маркетинг