Катастрофа во Индискиот океан: Од брод кој заринка истекоа 1.000 тони нафта

Макфакс

10/08/2020

21:15

2.460

Големина на фонт

а а а

На бродот кој на 25 јули заринка во корален гребен во Индискиот океан кај Маурициус се појавиле пукнатини, кои претставуваат опасност дека може да се преполови. Премиерот на Маурициус, Кумар Југнаут, информираше дека бродот би можел да се преполови по појавата на пукнатините.

Јапонскиот брод „Вакашио“ кој заринка на корален гребен е долг 299,5 метри и широк 50 метри и има 20 членови на екипажот. Плови под знамето на Панама, а е во сопственост на компанијата „Окијо Марин“, подружница на „Нагашики шипинг“. За бродот се верува дека носел околу 4.000 тони гориво. Се стравува дека досега протекле најмалку 1.000 тони нафта во водите околу Маурициус.

Од него се излева нафта која предизвикува еколошка катастрофа, бидејќи ги загрозува коралите, рибите и другиот морски живот во Индискиот океан, а активистите на Гринпис соопштија дека најверојатно тоа ќе биде најлошата еколошка криза во историјата на Маурициус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг