Крај после 35 години: Овој гигант повеќе нема да произведува лаптопи

Точка

11/08/2020

15:55

3.171

Големина на фонт

а а а

Toshiba го затвори својот оддел за производство на преносни компјутери и стави точка на ова поглавје после 35 години.

Јапонската компанија пред две години на Sharp им продаде 80,1% од уделот во производството на компјутери за 36 милиони долари, по што Sharp одделот го преименуваше во Dynabook. Преземањето беше заклучено откако преостанатите 19,9% од акциите ги презеде друг сопственик.

„Резултатот од овој трансфер е целосна сопственост на Dynabook кој сега е под целосна сопственост на Sharp“, соопштија од Toshiba.

Првите лаптопи на Toshiba во 1985-та година ги имаа моќните Т1100 батерии кои можеа да се менуваат, место за флопи диск и 256 КБ меморија. Цената на еден ваков уред кон средината на 80-тите години од минатиот век се движеше околу 2 илјади долари.


Во следните две децении Toshiba беше на самиот врв, но со доаѓањето на се поголем број на играчи, нивната ограничена понуда предизвика пад на популарноста.

Во периодот кога Sharp го купи одделот за компјутери на Toshiba, оваа компанија продаваше 1,4 милиони лаптопи годишно, а во 2011-та година продаваше 17,1 милиони уреди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг