Првиот компјутер на IBM денес слави 39-ти роденден

Точка

12/08/2020

17:35

587

Големина на фонт

а а а

Поминаа 39 години откако американската компанија IBM го претстави првиот персонален компјутер.

Бил Лоу бил на чело на тимот кој работел на развојот на компјутерот, а во IBM не сакале да се продава компјутер кој нема да биде прифатен од повеќето луѓе и биле свесни дека пред нив е долга работа.

Во тимот биле 12 лица кои секојдневно работеле на развој на хардвер и софтвер. Како било да се работи на овој проект ракажува Дејв Бредли кој го смислил корисничкиот интерфејс.

„Еден месец секое утро имавме состанок за да се договориме кои функции треба да ги има компјутерот. Попладнето ги носевме конечните одлуки. Така започнавме да градиме прототип кој подоцна го презеде една компанија, тогаш малку познатиот Microsoft“, раскажува Бредли.


Целта им била се да биде едноставно и да не отстапуваат од планираното. Отстапувањата им биле неприфатливи.

Во салата Waldorf Astoria во Њујорк, IBM на новинарите на 12-ти август 1981-ва година им го претстави првиот компјутер кој тогаш се продавал по цена од 1,565 долари. Можел да се приклучи на телевизор, да се користи за играње и обработување на текст. Исто така, можело да се приклучи принтер, а имал и читач на дискети.

Побарувачката на првиот компјутер на IBM била голема, а New York Times и Newsweek имале само пофални зборови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг