Најпознатата диско песна на “Queen” го слави својот 40-ти роденден: Била објавена поради упорноста на Мајкл Џексон

Точка

12/08/2020

19:10

2.170

Големина на фонт

а а а

Една од најпознатите песни на бендот “Queen” – “Another One Bites The Dust” денеска го прославува својот 40-ти роденден. Интересно е што секој член од бендот напишал неколку хит песни, а оваа диско химна е дело на басистот Џон Дикон.

Идејата ја добил кога ја слушнал песната “Good Times” на групата “Chic” и бил инспириран од нивната мелодија. Ја создал познатата бас линија, една од најпознатите во светот, а потоа го додал и текстот и не ни претпоставувал каков хит ќе стане таа. 

Желбата на Фреди Меркјури била бендот да има една песна во диско стил, но дури и кога песната била завршена, членовите на “Queen” не биле сигурни дали да ја објават.

Најзаслужен за тоа што “Another One Bites the Dust” го видела светлото на денот бил кралот на поп музиката – Мајкл Џексон. Тој бил воодушевен од песната и му велел на Фреди дека им е потребна барем една песна на која луѓето ќе можат да танцуваат. Џексон неколку месеци се залагал за нејзино објавување и на крајот го убедил бендот да ја објават како сингл.

“Фреди ја обожуваше таа песна. Кога ја снимавме, кажа дека е спремен да пее сè додека целосно не го уништи грлото за песната да биде совршена”, изјавил Брајан Меј.

Песната веднаш станала хит во целиот свет, освојувајќи бројни награди и музички топ листи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг