Промена за чиста 10-ка: Катарина Ивановска го смени имиџот – на многумина им се допадна, а вам?

Точка

13/08/2020

19:47

7.051

Големина на фонт

а а а

Топ-моделот Катарина Ивановска и една од најубавите македонски манекенки го промени својот имиџ.

Таа од бринета стана русокоса, па многу од нејзините фанови велат дека навистина добро ѝ стои таква боја на коса.

Убавицата со новиот имиџ се пофали на социјалната мрежа Инстаграм каде што објави видео на кое што со заводлива насмевка на лицето позираше со новата фризура.


Инаку, Катарина својата кариера како манекенка ја започна во 2004-та година на Миланската модна недела откако победи на изборот на „Look Models search“ во Скопје.

Матична агенција ѝ беше „Вуман“ во Милано, а соработуваше и со многубројни светски модни списанија, беше манекенка на ревиите на светски топ дизајнерите, како што се Валентино и Армани.


Во 2012-та година таа дебитираше и како актерка во филмот „Трето полувреме“.

Едно е сигурно, дека Катарина е навистина една од најубавите девојки во Македонија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг