Туристите бесни поради цените во Хрватска: „Шокот полесно ќе го поднесев доколку ми донесеа чаша вода“

Супермен

14/08/2020

17:11

10.171

Големина на фонт

а а а

Разочараните гости во еден угостителски објект во Хрватска, на Корчула, се пожалиле откако со двете кафиња не добиле ниту чаша вода, а како што знаеме речиси во сите кафулиња тоа е пракса.

„Додека некои прават сè за да ја спасат сезоната колку што можат, нечија безобразност по прашањето на високите цени нема крај, па така јас за две обични кафиња со млеко морав да издвојам 380 денари.

Локацијата не беше елитна. Шокот можеби полесно ќе го поднесев, доколку нè послужеа и со обична чаша вода која што вообичаено ти ја носат со кафе, но овојпат не беше така“ - изјавил туристот за „Далматински портал“.


Во локалот каде што служеле скапи кафиња се огласила и една жена, која што не знаела да зборува добро хрватски јазик, а кога ѝ ја објасниле ситуацијата, им кажала: „Одете во Дубровник, таму ќе платите околу 450 денари“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk